Кога чувствата зборуваат

Emotional-Photography01

Нема посилен звук
од звукот на заљубено срце,
кое чука само за една личност,
кое сонува само за друго срце
и сака да му го слуша биењето.
Нема поискрен збор
од зборот кој не е кажан,
а со делата зборува сам од себе,
нема поискрен верувај!
Не сакам да чујам „те сакам“,
колку што сакам да знам дека си тука за мене,
не сакам да чујам „извини“ после солзи,
сакам да чујам „извини што ми значиш толку“
проследено со солзи радосници.
Кога поетот зборува со буквите на азбуката
чувствата се нем доказ
дека знае да ве допре длабоко
каде што тешко се продира,
а кога таму некој ќе се всели
многу тешко излегува.
Кога чувствата зборуваат со поглед
зборовите се вишок,
кога погледот зборува без чувства
тоа е само празен одзив
и недостаток на сјај во очите.

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели