Македонска поезија Поезија

За што?

За неизговорените зборови.
За недораскажаните приказни.
За недоиспеаните песни.
За премолчените чувства.
За пропуштените шанси.
За непроспиените ноќи.
За промаршените цели.
За невозвратените љубови.
За недовршените поеми.
За неразбирливте прашања.
За нерешените дилеми.
За несфатливите одговори.
За неправилните избори.
За неуспешните обиди.
За неодобрените молби.
За неприфатените барања.
За неиспробаните новини.
За недоискажаните чувства.
За нереалните вистини.
За невистинските реалности.
За недоживеаните моменти.
За незапомнетите спомени.
За еден живот.

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје