Записите за Џозефина

Записите за Џозефина (96)

josephine

Среќен е тој што ѝ го прати чекорот
и неговиот чекор е следен од нејзиниот,
среќен е тој што ѝ го чува грбот
и што ги вади ножевите од него.

Нема посреќна девојка од неа,
истовремено и потажна,
нема посилна девојка од неа,
истовремено и најслаба.

Среќен е тој што ги бакнува нејзините усни
и знае за нивниот вкус,
среќен е тој што ја гледа како спие
и ја заспива со насмевка.

Нема никоја како неа,
и како неа никоја,
нити ќе живее,
нити ќе умре.

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје