Ако се умори, нема назад.
Ништо не ја враќа, а требало да ја задржи.
Ако не претставува приоритет, ќе замине.
Без око да ѝ трепне.
Без да погледне назад.
А, ќе се распарчи на делчиња.
И скришно ќе плаче.
И пак ништо нема да ја врати.
Зошто имало причина да замине.
И скришно ќе закрепне.
И никој нема да забележи дека била скршена.
Ако се умори, ќе земе одмор од тебе засекогаш.
Нема да ѝ биде првпат да одмара од нешто.
Заминала на доживотен одмор и од други.
Немој да ѝ дозволиш да се умори.
Ако си уморен од неа, кажи ѝ.
Ќе те сфати.
Ама пак ќе биде уморна, зошто ти си бил уморен.
И пак ќе се распарчи.
И ќе закрепне.
Не ѝ дозволувај да се умори.
Читај ѝ од поглед кој ти вели
дека ѝ требаш.
Многу повеќе отколку на било кој друг.
И ако не ти треба таа, не ја уморувај.
Можеби ќе сфатиш дека само таа е битна.
Само да не биде касно.
Ако не е најбитна, не ја уморувај.
Зошто ќе се умори
и ќе замине на доживотен одмор.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.