10 нешта кои ги научив за време на четиригодишното блогирање!

По повод славењето на точно четири години од стартувањето на блогот решив да ја создадам оваа малечка листа. Истата ги содржи десетте нешта што лично јас ги научив во текот на моето блогирање.

1. Упорноста и константноста за било која работа ќе се исплатат!

Подвлекувам дека тука не говорам за парична исплата. Под „исплатување“ мислам на задоволството што го чувствуваш дека си се занимавал со нешто корисно. Дека тоа што го правиш не е залудно и дека покрај тоа што некому можеби му нема смисла.
Постои одредена група на која ѝ се допаѓа тоа што го правиш и гледа смисла во секој направен чекор.
(Ова може да важи општо за било која професија или работа со која еден би се занимавал. Додека останатите имаат можност да ја оценуваат, следат, критикуваат, поддржуваат).

2. Одговорноста се развива со текот на времето

Одоговорноста која сами си ја наметнуваме нѐ прави уште поодговорни. Како и свесни дека колку повеќе ја негуваме, таа ќе станува поголема. Станува составен дел од нашиот живот кој нема да го гледаме како товар. Туку како обврска која со задоволство ќе ја извршуваме.

3. Читањето и пишувањето треба да се споделуваат со останатите!

Љубителите на книги треба да си разменуваат мислења за книгите што ги прочитале. Љубителите на пишаниот збор доколку обожаваат да пишуваат, да не се срамат да го прикажат јавно доколку сметаат дека треба да стигне до повече луѓе. Живееме во дигитализиран свет каде секој може слободно да си го искаже мислењето. Јас го одбрав блогирањето како начин на кој ќе споделувам свои размисли на одредени теми.

4. Пишувањето од/со љубов е сосема доволно за почеток (и ако сметаш дека тоа ти е доволно) не ти треба посебно признание или мотив за да продолжиш да го правиш тоа!

Ова е сосема јасно. Не би го образложувала подетално. Мислам дека целата суштина се содржи во самата реченица.

5. Водењето блог му доаѓа исто како пишување во една огромна тетратка со најдебели корици

Тетратка во која порано запишувавме: текстови од песни, стихови, поучни мисли, лепевме сликички, запишувавме поговорки, гатанки и слично. Само со една огромна разлика: до оваа „тетратка“ пристап имаат сите, па мора да бидеш многу внимателен што ќе запишеш во неа. Исто така си селективен во пишувањето, сепак не е сè за да биде постирано онлајн. 🙂

6. Имаш место каде ќе си го напишеш твоето мислење за “одредени случувања“

Додека останатите ќе имаат можност да го прочитаат ставот, да коментираат.  Постои и можност да се развие одредена дискусија за размена на мислења (без обид за промена на нечиј став). Од личен аспект ми е доста корисно  тоа што после неколку години ќе можам да се навратам на пишуваното. Така ќе проверам колку ставот ми се променил или останал истиот. Ќе согледам колку ставови се слични или исти на мојот. Постои можност да бидам подобро разбрана, а сите оние што  ги читаат моите дела можат да ме запознаат малку подобро и од поинаков агол.

7. Воведувањето новитети е корисно секогаш

Никогаш нема да престанам да правам промени и глобално, но и кога се работи за одредени делови од функционирањето на блогот.

8. Постојано се учат нови нешта

Никогаш нема доволно да знаеш затоа што постојано се случуваат и излегуваат нови работи, но се трудиш да бидеш во тек колку што можеш.

9. Соновите се исполнуваат!

Соновите кои можете да ги сонувате, можете и да ги остварите!

10. Дека детските желби стануваат јаве во возрасниот период

Имав седум години кога се замислував себеси дека правам нешто приближно на ова сега.

Прочитајте и дознајте кои се причините поради кои треба да посетувате литературни блогови.

 
close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?