Апсурдот е победен!

Размислувајќи се сепнав кога сфатив дека промената не започнува кога си подготвен, туку започнува кога си во неа. Најлошо што може да се случи е доколку за тоа што си станал свесен вчера, денес толку длабоко го проучуваш како да опстанокот ти зависи од резонирањето на сè што дало тлото благодарение на човека или природата. И се сакаш себеси, а потајно го мразиш она што си ти. Зошто ти да бидеш пороен дожд за една почва која не згрешила доволно за да стане гнида?

Потомокот го создава некојси скот што се предал на развратието или задоволството ама создавајќи екстремитети – револуцијата создала малограѓанска култура која унесреќила илјадници кои воопшто не се замараат со фонеми ни ноти, ами и оние кои не знаат оти постојат истите. Која е потребата да негираш сè, кога ловејќи риби не знаеш која ќе биде следна во мрежата, но загатката лежи можда во тоа ловот да биде продолжен. Зошто постојано да си го повторуваш фактот дека количината на лов е мала, а не се сконцентираш на убавината од тоа суштество, која се чини како да ја исфрла од жабрите преку меурчињата во водата, а ти не гледаш зошто секој си останува верен на средината, а тука свое место си зазема и адаптацијата, која чинам постои и за најмали помрднувања од лентата која го означува нормалниот тек на опстанокот.
Дали адаптацијата е само потсвесното “јас” на човекот што секогаш би било верно доколку не би постоеле надворешни влијанија? Дали слободното паѓање може да се разгледа без притоа да се занемари отпорот на воздухот?

Автентичноста на она што не може да се нарече експеримент лежи во тоа што може да се разгледува и без надворешни влијанија, само во тој случај тој би бил апсурд, а апсурдот никогаш немал решение, дури и во времето на Питагора. И скотовите и животните и чудните изуми на новата технологија и природата меѓусебно разменуваат енергија, а кога енергијата го менува обликот, зошто воопшто повторно сакаш сè да негираш, а не прифаќаш дека апсурд е кога велиш дека има апсурд, а не прифаќаш дека целата смисла е само проток на енергија, а сè што останува е како што човек љуби да вели – спомен, кое е ништо друго освен модификувана енергија преименувана од човек бидејќи не се изгубила – преминала во друг облик, зачувана длабоко во твоите сетила во кои длабоко атомите служат само за размена. Нели ти е јасно зошто кога допираш нешто ти доаѓа визуелизација?

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!