Душава што ја пее и убива
оваа тага во себе што ја сокрива,
и темнина што ја покрива,
и пак наутро во весела се преоблекува.
Ноти што не се свират,
в срце длабоко продираат,
оган и вулкан запалуваат,
ноти што не се допеваат.
Душава што пее, никој не испеал,
скромни песни од солзи и чемер
со јад и немир збрани во исти кавал,
со тивок крик и
солза се завеала.
Ноти што не се свират,
во заборав не паѓаат
оти спомени се како лузни
што срце параат.
Душава што пее, никој нема да запее
и кога новото сонце ќе огрее,
и кога во пепел ќе се престориме
од песната најтажна, ќе се опростиме.
Ноти што не се свират,
не ги погаѓаат сите,
и кога низ магла ти минуваат дните,
запеј една, длабоко од душата,
нека е најтажната,
таква песна не слушнал секој.
![](https://i0.wp.com/krajbrezje.mk/wp-content/uploads/2021/03/20201213_155946-scaled.jpg?resize=100%2C100&ssl=1)
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.