Јавнати се заузданите патишта.
Чекори месечеви, тропотат со ехо.
Блесок продирен разорува озон.
Но ти, токму ти реши да се качиш,
на полноќниот воз.
Портокалово обоена месечина.
Но небо без ѕвезди ѕвеѕдаллии.
Ветрец си поигрува со мислите.
Ги шета на сите страни, ги расфрла.
Си поигрува со умот и не дозволува,
да мечтае за… последниот допир.
Блиски се разгорените погледи,
како што е блиску и морето помеѓу.
Далечни се деновите исчекувани,
како што е далечна и патеката до некаде.
И сето тоа, бидејќи реши да се качиш на полноќниот воз.
Љубител на зборот, надреално пишан и кажан. Кој спокој бара во несекојдневието и природата.