Skip to content

Ана Каренина – Лав Н. Толстој (рецензија)

„Сите среќни семејства си прилегаат едно на друго, секое несреќно семејство е несреќно на свој начин”.

„Ана Каренина“ – руски класик од 19 век во кој се обработени голем број на прашања од општествениот живот на човекот. Во него се втемелени прашања за љубовта, среќата, бракот, религијата.

Главната јунакиња или хероина за чиј живот Толстој неуморно пишувал вметнувајќи ги и приказните од останатите ликови кои се испреплетуваат со нејзиниот живот е една несреќна жена која е заглавена во несреќен брак. Мажена е за висок француски функционер Алексеј Каренин кој го изневерува со грофот Вронски во кој бара љубов, среќа. Таа нему му се фрла во прегратка сакајќи да избега од несреќните чувства предизвикани од незадоволителниот брак со Каренин.

Каренин дознава за неверството на неговата сопруга, ѝ става до знаење дека нема да се откаже од неа. Развод нема да ѝ даде по никоја цена и не дозволува синот да остане со неа. Ана Каренина го погазува своето достоинство. Покрај јавните осуди и мислењата на другите луѓе од руските општествени кругови за нејзината постапка сепак заминува со Вронски оставајќи го својот син со татко му.

На Вронски му раѓа ќерка, но таа исто како да не е негова затоа што го носи презимето Каренина. Толстој детално ги опишува нејзините внатрешни мисли и ставови кои таа ги има по ова прашање без да заземе страна по ниедно прашање. Мислејќи дека конечно ќе ужива во среќата и во љубовниот однос со Вронски, Каренина е во постојан притисок. Ставена е во многу тешка положба, како што пишува Толстој. И покрај тоа, Ана е храбра и одлучувачка жена што ќе си дозволи да се појави во операта и нема да ѝ биде проблем да посетува туѓи земји заедно со нејзиниот љубовник. Одлучува дека не сака да има повеќе деца, додека Вронски го сака спротивното, но не може да ѝ се спротистави.

Дали Каренина ќе остане толку храбра како на почетокот на нејзината одлука дека ќе му стави крај на несреќниот живот?

Друг аспект на несреќен живот е опишан во љубовниот однос на Доли и Степан Аркадјич кои се во брак, имаат неколку деца, а Степан одлучува да изврши неверство. Измачувајќи ја неговата жена со напади на љубомора, гнев, лутина насочени кон него и го доведува нивниот брак до степен на распаѓање. Доли наоѓа начин да премине преку неверството и останува со сопругот жртвувајќи ја својата среќа поради децата. Но и поради страв и срам од осудите на другите луѓе и нејзините родители.

Нејзината сестра Кити, се мажи за Левин, а пред тоа имаше понуда за брак од љубовникот на Каренина, Вронски кој првпат Каренина ја среќава на железничка станица.

Во романот опишан е животот во Русија од периодот кога е пишувана книгата, кои биле тогашни превозни средства и како комуницирале преку писма и телеграми.

Ликот на Ана

Ана Каренина навидум среќна жена, со блескаво лице и убава става во текот на живеењето со Вронски почнува да се измачува со непотребни мисли, се сомнева во неговата љубов кон нејзе и тоа му го признава. После последната жестока расправија таа му пишува писмо, му испраќа и телеграма и заминува со воз лично да се сретне со него. Додека патува нејзината душевна состојба е лоша, во еден момент не може да се присети каде тргнала и кога ќе слезе од вагонот ѝ доаѓа мисла што е пресудна за нејзината одлука. Трагично завршува нејзиниот живот фрлајќи се под возот, а нејзината намера била да му остави на Вронски огромна причина за каење, жалење и тагување по неа. Во еден момент се премислува и сака да ја поправи постапката, но веќе е касно и нема назад, нејзината свеќа згаснува засекогаш.

Толстој мајсторски ги опишува ликовите, настаните и времето спојувајќи ги во една совршена низа на зборови што се напишани на 800 и нешто страници.

Стилскиот тон на авторот е оригинален и едноставен овозможувајќи му на читателот да се доближи до душевната состојба на ликовите, да ја разбере нивната положба во најсовршена смисла, оставајќи простор читателот сам да донесе одлука дали се праведни нивните постапки или не.

Прецизност и опширност се двата збора кои најдобро го опишуват стилот на нараторот. Toj се обидува да раскаже до детали притоа некористејќи сложени стилски форми туку обичен разговорен – детално опширен јазик.

Уште еден цитат: ”За него сите девојки од светот се делат на два типа: во едниот спаѓаат сите девојки на светот, освен таа и сите тие девојки, ги имаат човековите слабости и се обични девојки; другиот тип на девојки – е само таа, без никаква слабост и над сѐ што е човечко.”

Напишете коментар