Песна на клучарот – Жак Превр

Песна на клучарот

Каде одиш клучару

Со тој клуч извалкан од крв

Одам да ја ослободам онаа што ја сакам

Ако уште има време

А неа ја затворив

Нежно свирепо

На најтаинственото место на моите желби

На најдлабокото место на моите маки

Во измамите на иднината во глупоста на клетвите

Сакам да ја ослободам

Сакам да биде слободна

И дури да ме заборави

И дури да си замине

И дури да се врати

И натаму да ме сака

Или да засака друг

Ако тој и се допаѓа

Но ако јас останам сам

А таа си замине

Ќе ја сочувам само

Ќе ја сочувам засекогаш

На моите дланки

До крајот на животот

Благоста на нејзините гради од љубов извајани.

 

Жак Превр (1900-1977)

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?