Литература Проза

Островскиот Силен

Обвиткан од чаша Морган таа јануарска приквечерина, чувствувајќи ги неговите пипци низ грлото. Типкајќи со брзина на ,,Ху-то” и мелодија на Скип Џејмс, реченици се редеа како Хендрикс ноти на стратокастер. Испратени до баварката со мелодичен глас и милозвучното ,,Р”.  Морето  мирно, збунето. Кактусите сè уште стојат исправено во исчекување на наредба за поход. Додека, животинките, тие пак тивки… бесшумни. Најверојатно имале слична вечер како мојата.

Можеби беше јануари, но денот се однесуваше како цвет во цутење. Толчниците надвор раширени, чекаат да бидат дрско запрашени. Додека лебедот преку пат чека да биде изеден од вегетаријанец кој бил пробуден во момент на најубавиот сон. Гипсената статуа налик игуана повторно ме штрекнува потпрена како декор на оградата од соседниот балкон. Па забрзано го кажувам она познато ,,ОМ” гледајќи во неа додека изведувам асана и го поздравувам сонцето. Соседот критички ги оценува моите јогини движења држејќи го лулето попајски, додека десетка добив од русокосата гозитјанка која го собираше својот чипкаст веш.

Возбуден од сончевите зраци, секој атом во мене се опушти и побара утрински кадифен еликсир. Еликсирот на гусарите. Истрчувајќи по тесните улички, направив хаотична узбуна помеѓу маалските мачки ангорки. Џогирам до брегот преполн со досадни туристи кои збунето ги извадија фотоапаратите кога решив секоја пора да ја натопам во океанот. Гол навлегувајќи во ладната вода. Создадоа загрижувачко-неверувачки поглед кон мене. Кон лунатикот кој не се согласуваше  со студот во идејата за ладен јануарски утрински нудизам. Задоволувајќи го својот апетит за адреналин, седнав на жолтиот прашкаст песок. Засвирувајќи на усната хармоника, создавајќи хедонистичка мелодија во ушните канали на присутните. Со завземен став на Силен, оддадов почит кон хоризонтот и исчезнав во прашумската крајбрежна идила далеку од секој поглед, желба и потреба.

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје