Утеха на косата – Антун Густав Матош

Те гледав јас сношти. На сон. Тажна. Мртва.
Во одаа кобна, в идила од цвеќа,
ставена на одар, крај трепетна свеќа,
готов да ти дадам и живот за жртва.

Не проплакав. Само замелушен траев
в одаата кобна, полна смрт, и ѕемнев
в сомневање дека твојте очи темни
се јасни и дека во нив живот сјае.
Туку, сѐ е мртво: очи, раце, глас.
Се што в слепа уплав и од мака дива
да оживеам сакав в нема очај јас.

Во одаа кобна сум и бол ме толчи,
сал косата твоја уште беше жива,
па рече: Во смртта се сонува. Молчи!

Антун Густав Матош (1873-1914)
close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?