Конкурс за нови драмски текстови од македонски автори

Здружението на драматурзи и сценаристи на Р.Македонија распишува КОНКУРС – за неизведувани и необјавени современи драмски текстови од македонски автори.

Целта на конкурсот е да се поттикне и афирмира новата современа македонска драматургија.

Заинтересираните, своите драмски текстови треба да ги достават во електронска форма на е-маил: [email protected].

Конкурсот е отворен до 30.11.2018год. (петок до 16 часот). Сите текстови пристигнати по изминатиот рок, нема да се разгледуваат.

Најдобрите три драмски текста, Здружението на драматурзи и сценаристи на Р.М, се обврзува да ги достави по електронска пошта до националните театарски институции во Р. Македонија, додека пак за прворангиранот драмски текст ќе се организира јавно читање во просториите на НУ Драмски театар Скопје.

Во име на „Здружение на драматурзи и сценаристи на Република Македонија“
Претседател – Југослав Петровски

Извор: Слободен печат

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?