Премногу доцна – Херман Хесе

 

За денес споделуваме стихови од Херман Хесе насловени „Премногу доцна“. Прочитајте ги и уживајте во читањето!

Ти пријдов со копнеж 
понизно да те молам,
но тебе ти беше мојот занес смешен
и мојата љубов за тебе
само игра беше.

Сега си уморна, заситена
додека тажните очи твои
ме гледаат со трепет
онаа љубов во која некогаш 
горев, би ја прифатила сега ти.

Ах, колку тажно, од неа одамна
остана само пепел, не ќе заискри повторно
беше некогаш таа твоја,
сега остави ја да почива сама.
close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?