Занимливости и информации Културни настани

Промоција на целокупното творештво на Весна Шереметкоска

Библиотеката „Кочо Рацин“ ве повикува на промоцијата која ќе се одржи во Вторник на 20.11 од 14 до 15 часот.

Повеќе за авторката:

Весна Шереметкоска (1971) од Прилеп
Член ка Клубот на литературни творци – Прилеп од 2012 год.
Инспирирана од секојдневниот живот, особено од опшествено – социјалните теми во нашата земја, во 2011 година излегува од печат романот – првенец ,,СТАРЕЦОТ СО КАВАЛОТ“ кој наидува на доста позитивни критики. Охрабрена од ,,првенецот,, -во 2014 година на слична тема се најде приказна од секојдневниот живот на страниците на вториот роман ,,ЖРТВА НА ЉУБОВТА“ кој носи втора награда КНИЖЕВЕН ПОСТАМЕНТ.

Во меѓувреме пишува поезија и кратки раскази, за кои добитник е на многубројни награди во земјава и надвор.
-Прва награда за песна – ПОЕТСКА ГАЛА – 2018
-прва, втора и трета награда, три години по ред – На конкурсот Мариовско-Мегленски културни средби
-Прва награда за расказ, втора за рсказ,втора за за песна- На конкурсот на просветни работници литературни творци – Скопје
-Трета награда за песна- ГОРДАНА КОЦЕВА – 2018
-Прва награда за песна – По повод месецот на книгата – Градска библиотека – Прилеп… и многу други награди.
Учесник во многу зборници меѓу кои и меѓународни, каде што е застапена со свои песни.
Во 2017 година, за прв пат стиховите ја дочекаа виделината сите на едно место во стихозбирката ,,ПОД ПРЕВЕЗОТ НА ДУШАТА“, која носи втора награда – КНИЖЕВЕН СВЕТИЛНИК.
Веќе се во подготовка и трет роман, втора сихозбирка и збирка раскази.

Линк од настанот тука.

46158996_1946431715423947_7705289908776075264_n

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје