Меѓу читателот и поетот
се јавува и се одржува песната
Нејзиниот конак тешко може да се опише
Оној што ја препознава нејзината облека
го препознава и своето врме
Песните меѓу себе сложни
ја обиколуваат вселената
и секогаш млади
некогаш без збор се јавуваат
ги затегнуваат мускулите на битието
и од дното на душата работат
во нивниот дом
да не се насели зло.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.