Поезија

Лик

Истрчани метри,
помеѓу редици дрвја. 
Водно накиснато,
повторно мириса на лисја есенски.
Бркотница  хаотична,
со шишарки и верверици.
Додека капките создаваат симфонија.
Те барам одново, ги следам чекорите.
Кои ги одеше пред тоа.
Шум на тишина, спокој.
Забрзано од толпа луѓе на бетонот,
бегам од се.
Од тебе.
Од себе.
Од сето она кое ја нарушува чакрава.
Избледува ликот твој.
Додека застанат над смогот скопски,
дишам длабоко и исчезнувам.
Во мислата сатирична.

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје