Поезија

Затвореник

Се фатив себеси, затвореник на желбите.

Душата изморена талкаше.

Гледајќи го столот на кој таа седеше.

Околу него чекори се беа наталожиле.

Скришум од сите.

Дур јужец ги бришеше бесшумно.

Решетките од занданата трепереа,

при помислата за местото на немирот.

Сетне срцето ќе залупаше, пролупаше.

Сеќавајќи се на нејзината насмевка и

смарагд боја очи.

Но како да дојдам покрај неа.

Кога затвореник сам себе си бев.

Пранги невидливи ме притискаа.

Прашувајќи ме за иднината.

Се вратив во минатото,

каде дивеевме по полјаните.

Во занес на мирисот на љубовта.

Затвореник останав.

Но помнејќи ја љубовта, не заборавив.

И за столот на кој седеше.

Исцртан од уметник во умот.

Остана.

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје