Мотивација Психолошко катче

Не ги форсирајте работите – Сè се случува во вистинско време и од вистински причини

Времето е една од најдрагоцените „работи“ кои ги имаме на располагање.

Без времето на светот, ништо не би имало смисла, а сè би било непроценливо. Времето дава совршена смисла за постоење. Со самото тоа, секој на светот има свој пат и сопствена приказна за да ја раскаже. Сè се случува во склад со времето од нашиот живот. Времето на вашите родители, браќа, пријатели или некој друг што го познавате нема да биде како вашето. Денес многу луѓе се несреќни затоа што одредуваат определен ред според кој работите треба да се случат во нивните животи. Го темелат своето искуство според тоа како виделе дека на другите луѓе им се случуваат одредени нешта во нивните животи. 

Порано или подоцна, ќе ви стане јасно

Многу е важно да верувате во времето на вашиот живот.

Животот понекогаш може да биде многу комплициран и непредвидлив.

Баш кога мислите дека работите одат како вие што сте посакувале може да се случи нешто непредвидливо и да ја промени целата ситуација. Од друга страна, кога не очекувате да се случуваат работите тие магично се случуваат. Нели е тоа лудо?

Затоа што времето најдобро знае, Бог; кој вас ве створил, најдобро знае. Тој ќе ви даде работи кои ви требаат и ги сакате, кога е вистинско време. На почеток нема да го разберете, но еден ден ќе се навратите на сè што се случувало во вашиот живот и конечно ќе сфатите зошто одредени работи се случуваат подоцна во животот или порано отколку што сте очекувале.

Верувајте во времето на сопствениот живот

Викаат дека животот е како пат; патување преполно со искуства. И сите имаме различни искуства во него. Иако некои од нас имаат слични искуства, сите имаме различни приказни, со различни времиња. Мојата мајка викаше: „Немој да гледаш во туѓа чинија, јади од својата“. Тоа што го мислеше беше: можете да почнете да јадете во исто време, но нема да завршите во исто време.

Можеби имате иста чинија, но различна храна, па така немојте да се нервирате колку брзо другата личност јаде или заврши со јадење, затоа што имате своја, а посебно ви е послужена. Погледнете го својот живот, своето патување, своето време и дозволете им на работите да се случуваат кога им е време, Божјото време, секогаш е во право.

Јас сум една од оние луѓе кои веруваат дека сè се случува со причина. Ако не гледам дека моите планови не се остваруваат како што сум сакала, од срце знам дека тоа е поради некоја причина.

Немојте да форсирате (избрзувате) ништо

Една работа која повеќето луѓе ја прават е дека го избрзуваат својот живот затоа што ништо не се случува како што тие сакаат.

Ве молам, една работа која ја научив во текот на овој живот е дека најдобрите работи секогаш доаѓаат во време кога не сме ги очекувале. Затоа, живејте во сопствениот ритам, темпо кое му одговара на вашата приказна. Дојде време во мојот живот кога почнав да се плашам кога работите не се случуваа како што сакав. Баш кога не ни размислував за тоа, сè почна да се случува. Се погледнав и само се насмевнав. Животот е доста драгоцен, не би требало да го избрзуваме.

Еднаш сè ќе ви има совршена смисла

Ако вашата иднина е фрустрирана, само дишете и верувајте во Божјото темпо. Животот е како книга. Ако сакате да го разберете целосно, морате да поминете низ секое поглавје во книгата. Некои поглавја се подолги, некои се сложени, некои непресушни, други се неверојатни. Кога се наоѓате во тоа непобитно поглавје, немој да се фрустрирате и немојте да го избрзувате за да можете да одите на следното.

Бидејќи често, чувството на следното поглавје доаѓа од претходното. Исто така, можеме да читаме иста книга, но со потполно различно темпо. Знаејќи дека една особа се наоѓа во поглавје Y, а вие сте уште во поглавје R, тоа не значи дека никогаш нема да дојдете до тоа поглавје. Имате само различно темпо и тоа е тоа. Затоа не брзајте, одете со својот ритам додека не ја завршите книгата.

Извор

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје