Душа, тело, ум Мотивација Психолошко катче

Кога ќе умреме со себе не носиме ништо освен нашата душа

Последното одело кое ќе го облечеме нема џебови затоа што не ни се потребни. Ништо не можеме да понесеме со себе освен нашата душа.

Затоа штета е целиот живот да го посветиме само на полнење џебови, а притоа да ја запоставиме душата. Почесто имајте извонредни искуства, лекции и убави моменти наместо да купувате работи кои не ви се потребни.

Работите може некој да ви ги украде, да се расипат или да исчезнат, но убавите моменти со кои сте ја исполниле душата и лекциите кои сте ги научиле никој не може да ви ги земе никогаш. Тие се засекогаш ваши.

Размислете со што можете да ја исполните вашата душа во денешно време. Прошетајте, поразговарајте со некој кој ви е важен, пуштете омилена музика и пеете. Или едноставно изолирајте се од сите и читајте книга во вашето омилено катче. Можете да читате секаде и во секое време доколку тоа ве исполнува. Не се грижете што другите ќе помислат или ќе речат за вас и за тоа што го правите.

Грижете се за вашата душа исто како што се грижите за вашето тело, дури и повеќе! Целиот ваш живот го поминувате во вашето тело, а душата секогаш мора да ја храните.

На патот кој води до последното облекување – не се плашете да живеете! Тоа ѝ го должите на вашата душа која е гладна за исксутва. Немојте да ја изневерите никогаш.

Н.Н

 

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје