Влета враголиот пред дрвена порта
Носејќи вести преку коријата
Дур шепотеше со срцето
Застана пред грешниот и проплака
Секоја солза грев му миеше
Секоја солза татнееше на земи
Грешникот пак, гол остана
Без гревови, партали кријачи
Талкаше педа по педа дур сила имаше
Солзите се собраа в миг
Поток постанаја
Поток водилец кон умот
А тој обземен враголен
Насмевки делеше
А самиот тага беше
Песни ткаеше певливи
Испратени преку коријата
Кон истокот, за нов почеток
Вратен со зората прва
Љубител на зборот, надреално пишан и кажан. Кој спокој бара во несекојдневието и природата.