Човечкиот живот е вреден – Ертинез Реџеп

Мора ли човек да го изгуби човека за да дознае колку вредел? Треба ли да се разболи за да се плашиме дека можеме да го изгубиме? Со живот сме, сите!
Дали на пат, во кревет или на работа, здрав или болен ако тој горниот решил да ми ја земе душата..ќе ми ја земе. Ама овие денес, никако да сфатат. Живот е бе луѓе, и мојот и твојот, иста вредност, вреднувај ги туѓите работи затоа што и твоите работи некому се туѓи.
Ама животов бе не е работа! Живот, еј! Не е пара што ќе ја позајмиш па ќе неможиш да ја вратиш. Овие денес манијаци дај ми го животот да си поиграм.
Колку ви тежи срцето на таквите? И дали воопшто во вас постои гнездо за срце? Нц, овие не сакаат да разберат дека тие навреди како камчиња потиснуваат нечиј живот. А што ако му се потсмеваш на изнемоштениот стар и кутар човек? Ќе живееш подолго, посреќен ќе си? Разберете веќе, не знам како да ве наречам, животни сигурно не..тие имаат разбирање. Немојте, не срамете го човечкиот род. Е тој старецот на кој му се смееш, дома има ќерка што го чека и за нејзе е најдобриот татко. Тоа е цената на вредноста, да имаш некој што се мачи за тебе, или не, што те лаже или не, ти сепак да го сакаш. Некој што за другите е само старец што лошо мириса, а за тебе најскапото нешто. Не му се потсмевај на тоа детенцето што ти бара пари на рака, ако не можеш да му помогнеш не му одмагај. Затоа што дома има сестричка што чека леб да ѝ донесе, и тоа дете за нејзе е брат, наречен како херој. Затоа што сите имаме своја вредност, едно исто. Ни помалку ни повеќе, ти имаш живот јас живот. Не дозволувај да изгубиш некој што ти значи за да сватиш колку вредил, ако ти значи ќе му покажиш колку вреди, додека е тука.
Не чекај да се разболи за да се плашиш, плаши се сега. Цени ја вредноста на сите, на сечиј живот.. затоа што можеби за некои ти си нечиј човек,ама за некои си син,гордост, брат,крв или татко,најскапо нешто.

Автор: Ертинез Реџеп

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!