Здраво љубители на пишаниот збор. Со големо задоволство сакаме да ве известиме дека го објавуваме вториот конкурс на нашиот блог. Првиот што го организиравме беше за најдобар краток расказ, а сега ќе биде за најдобра песна.
Темата е слободна нема ограничување во тоа што го пишувате односно можете на било која тема да пишувате, секако со соодветна содржина.
Нема ограничување ниту во должина (број на стихови), нема ограничување ниту во користење на стилски изразни средства. Творбата може да биде претходно објавена во печатена или електронска форма.
Сите кои пишуваат поезија (без оглед на возраст, пол, национална и верска определеност) можат да нѝ ги испратат своите творби почнувајќи од денес најдоцна до 5.5.2019 г.
Единствен услов е творбата да биде напишана на македонски јазик и да има соодветна содржина и да биде испратена во ворд документ на нашиот меил (сите несооодветни песни нема да бидат објавени ниту да учествуваат на конкурсот).
Максимален број на испратени творби е 1.
Едит: Ги замолуваме сите што ќе испраќаат литературни творби да пишат и податок за нивната возраст. За да се селектираат творбите во соодветни категории.
Замолуваме содржината да нема: политички карактер, политика НЕ одобруваме, како и упатување навреди по било која основа и таквите песни ќе бидат дисквалификувани.
Сите пристигнати песни ќе ги објавуваме во категоријата „Ваши дела“ и ќе имате можност да ги читате, а нашата комисија која ќе ја сочинуваат надворешни членови (а, не членовите на тимот) ќе имаат задача да ги изберат најдобрите песни. Најдобра песна во категоријата до 18 години, односно прво, второ и трето место за категоријата на песни напишани од автори над 18 год. Сите наградени ќе добијат симболични награди, а останатите учесници благодарници.
Можете да ги испраќате со ваше име и презиме или доколку сакате да останете анонимни, пишете ни шифра (или псевдоним) под која ќе биде објавено вашето дело.
Комисијата е составена од: Душко Трифуновски (победникот на конкурсот за најдобар расказ), Јована Јаневска и авторот на блогот (на линкот) потпишан како Herr Momo
Правилата се едноставни, вие испраќате, ние читаме и објавуваме на блогот и на нашата фб страна, а комисијата ги чита и ги оценува за на крајот да ги одбере најдобрите.
Ве очекуваме! Бидете креативни, пишувајте и испраќајте нѝ. Ние со задоволство ќе ве читаме и споделуваме.
*Текстот беше подложен на едитирање поради дообјаснување на правилата.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.