Да си птица
со здрави крила,
би сакала ли
слободно да леташ.
Ил би сакала кафез
и во него
затворена
да стоиш,
и чекаш храна
да ти донесе некој.
Да си птица,
што повеќе би сакала?
Слобода во небескиот шир
ил затворена во замислен мир.
Автор:
Сотир Чаушевски