Брановито срце – Азра Муриќ

Како ветрот што носи се посилни бранови

и високото сонце го заслепува секој дел

над воденото огледало,

така и моето срце

кружи над ладното езеро,

чекајќи бранови да го однесат.

Како да сакам да ја гушнам секоја птица

која прелетува,

но не можам,

за миг секоја исчезнува и се губи,

останувам само јас на ридот,

гледајќи го срцето како ми лебди.

Да имав крилја посакав

да одлетам и јас заедно со него.

Ветришта диви радо би ме однеле,

нивниот звук само се слуша,

а како ми е мене, знае само мојата душа.

Тешко ми е на ова место да стојам

овде за првпат те сретнав

и ова место буди силни емоции во мене,

како тој ден кога со поглед ме засени.

Пуштете ме силни ветрови

имајте милост кон мене,

пуштете ме да го допрам уште еднаш небото,

само тоа е сведок на љубовта која овде се роди.

Само да имав крилја ништо друго немаше

да ви барам,

им љубоморам на птиците

и на дрвјата и на реките,

сите нив ветрот ги носи.

А јас и понатаму го гледам моето срце

кое брановито шета над воденото огледало…

Автор:
Азра Муриќ

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?