Amor – Љубов

Ти си мојата љубов.

Те запознав на крајот од денот.

Те засакав, а не те познавав.

Те заљубив во полусвеста,

кога немаше надеж за спас.

Ти си мојата љубов и судбина

Те сакам.

Ти ми даде живот,

ми подари надеж.

Ми понуди спасение и закрила.

Ме заштити во светот на небиднината,

кога беспомошна бев јас.

Посакав да ти дојдам.

да најдам утеха.

Надеж да пронајдам.

Љубов да се сториме.

Заедно да се вивнеме

кај оној што благослов ми даде за живот.

А јас… откако те запознав,

посакав да имам вечен живот.

За да секогаш бидам со тебе.

Ти си мојата Амор

И желбата

Страста за живот.

Те сакам

И на небото

И на земјата

Засекогаш.

Автор:
Светлана Папачек

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?