Една старица

Минува по лицето на земјата,

по улиците на очите,

буди сеќавања,

дарува надеж,

тагува и крие ,

за сонот кои уште спие.

По улиците потекоја солзи,

прегратките, останаа празни,

една старица ја мина земјата,

во шамијата остави љубов.

Автор:
Соња Таировска Ѓурчак

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?