Ваши дела Конкурси

Меури

Ноќва сум во состојба на делириум.

Мешам коктели од депресија и умор.

Уживам во самодеструктивност.

Можеби сум на крајот од изворот на креативност.

Можеби рожбата прекинала.

Можеби Хипнос спие мирно во постелата,

а јас – полудувам.

Халуцинации го опфаќаат моето слабо тело.

Го подготвуваат орото на бесознанието.

Ги лулаат моите сетила и екстремитети.

Моите нозе колабираат при мали потези на танц.

А, душава ми плаче со насмевка на лицето.

Не сака, но сака да побегне.

Сака да биде среќна, а пискоти.

Крвта ми врие.

Несвесно, ти пишувам.

Ти пишувам тебе,

за сега и утре,

за љубовта која ти ја давам

и за љубовта која ја добивам.

За искрата во твоите очи,

за изгрејсонцето во твојата душа,

за жештината на твоите дланки,

за трепетот на твоите усни,

за нежноста што се крие во твоите гради,

за тоа во нив и за тебе.

Ти пишувам оти те љубам,

ти пишувам за сега и утре, т

е љубам за сега и утре.

Ти пишувам за љубовта која ја добивам,

за љубовта која ја добиваш,

која нема да ми ја дадеш,

која нема да ти ја дадам.

Боси да трчаме низ душиве.

Ти во мојата,

јас вечно во твојата.

ТИ.

Имаш моќ да лекуваш и создаваш среќа.

Вреќа од љубов да истуриш врз мојата душа.

Никнуваат стебленца живот во мене.

Множество од спомени нижиш на моето тело.

Направи да оживее оваа тажна, темна душа.

Еднаквост меѓу ѕвездите ноќва.

А … ти си само едно обично човечко суштество.

Назад, тука, сега.

Стуткано – испружена на подот.

Тоа сум јас.

Тоа е мојот егзистенцијализам!

Тоа е мојот мазохизам!

Тоа е мојата обвивка,

моето скривалиште,

полно со отпушоци,

полно со алкохол,

полно со чоколада,

и со моите Ками и Кафка.

Автор:
Шифра: „М“

Similar Posts

One thought on “Меури

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје