Име ти е

Име ти е заборав

Име ми е незнајно, мечта.

Во ноќи сонот ме одминува

Дење будно сонувам

Име ми е мечта.

Си сплетов лулка од најубави соништа

Накитени со насмевки и воздишки

Дојди!

Дојди да се луламе заедно

Да мечтаеме, да сонуваме.

Име ми е мечта…

Не!

Подобро оди си

Не доаѓај!

Сонот ќе ми го разбудиш

Едвај си сплетив лулка од соништа

Плач да сокријам,

Ако дојдеш

Сонот ќе ми го разбудиш

Ќе нема после кој да ме утеши.

Автор:
Христинa Илијевa Д

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?