Задуши го гласот на сомневањето,
погледни во очите на стравот,
насмевни се на болката во душата
така ке заврши грижата во пајажината.
Во овој свет превртен
каде што бело е секогаш црно,
каде што лево е секогаш право,
каде што небесата се плитки како морето
чувствувај љубов кон себе.
Покажи милост кон огледалото,
посипи оптимизам во мислите
исполни го твоето срце со повеке љубов
чувствувај мир во душата.
Заљуби се во твојата убавина
и убавината на светот околу себе,
спознај го љубовното ткаење
во секоја нишка од твоето битие
и зрачи со сета светлина.
Автор:
Зорица Василева