Ваши дела Конкурси

За мојата мајка

Една искра надеж во душава моја

ко крадец ја плени љубовта твоја.

Како ѕвезда што вечно блеска

како поточна пролетна песна.

Во песни и стихови

твојата убавина секој ја опејува,

Со две езера твоите очи сини ги споредува.

Со твоите чекори, исправени, смели,

секогаш по правиот пат одиш.

Да, ти си најубав цвет во моите очи.

Да, ти си како птица во полет.

Ти си мојата пролет.

Автор:
The freelancer V.M.

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје