Дома – Снежана Паноска

Ако се вратам дома,

чинам сонцето поинаку ќе ме грее,

и воздухот ќе ми мириса на топол леб

и цвет на липа,

( иако од неа имам алергија ).

Ако се вратам дома,

ќе ме пречека ли радосниот лаеж

на уличното куче?

Ќе го сетам ли мајчиниот шепот – 

„Ајде стани, ти сварив кафе?“

Ако се вратам дома,

ќе ме чека ли веселиот џагор на 

децата во паркот?

Ќе го слушнам ли гласот на мојот

дестски сон ?

Но мене овде и сега, мене ми е дома.

Тука крај мене под пазува,

ми спие мојата радост.

И уште ти да дојдеш сине,

чинам сега оваа дома,

ќе ми биде навистина дома.

Автор:
Снежана Паноска

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?