Лутач – љубител на дивините.
Трагач – со камени пети.
Беспаќе.
Населено – со испрекинати сенки и скелети.
Кое сенешто причинува
В душа мир не донесува
Радоста со тага ја заменува.
Ах, тоа беспаќе.
Ферментирано во црна краснолика убавина.
Блика еднолично и таговно, јадно и мрачно.
По трагите – се препознаваат
По делата – се запомнуваат.
А по душите им сиромашки
телата и кожите се најголеми сведоци
на тие неизумрени лузни
и пропаднати лица.
Уште колкупати треба да замолчам,
а со исповед да не проговорам.
Тргнавме и стигнавме на тоа беспаќе.
Наше родно земјиште и засолниште.
Оти, сами темели му вградивме.
Беспаќе.
Сликовито.
Со крвопијци и братоубијци
налик, човечки суштества.
Автор:
Андреј Јанков