Ваши дела Конкурси

Прегледани очи

Преплавуваат нијанси,

тонат ко црна дупка,

нијанси на сина…

Би сакал да ги видам од блиску.

Непотребно гледам темна и лажна,

која дава празнина.

Претешко е да замислам некоја друга,

поинаква од таа првичната,

вистинската која ме буди ко ќе станам,

ми ја оживува градината и

дава смисла и го зрачи денот.

Целата енергија на универзумот

си мислам е со мене.

Велат сината е боја на осаменост,

нека не се осеќа така,

би направил облак во небо

да не е празно.

Можеби, јас сум облакот

кој го чува цвеќето од суша,

Можеби пак, само прејако сонце

кое го грее силно,

или пак торнадо на емоции,

кое го убива полека.

Не би сакал да сум бура,

но нека има грмотевици

за да те осветли

да те видам подобро.

Автор:
шифра: „Rosseta“

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје