И ти дојде, темница, ненајавена
И јас те пуштив, садист, неподготвена
Ми рече ти треба пријател
Ти реков јас сум вистинската
И ти ми подари бездна, ме зароби
И јас ти го подарив разумот, те возвишив
Ме проколна, ми го зеде гласот
Те проколнав ти ја зедов моќта
И ти ми рече: Не можеш!
И јас ти реков: Гледај ме!
Автор:
Ана Патриклиева