Секогаш пред тебе замижувам – Мирослав Трајковски

Кога ќе ставам во чашата вино

Веднаш помислувам на твоите очи.

Ти знаеш дека пијам

само црни и робусни вина.

Но се сомневам дека знаеш

За тоа колку длабоко

може да се вљубам во тие очи.

Кога небото ќе се обои во боите на пламенот

Добивам желба да те насликам на него

За малку да си ја смирам страста

Која толку разорно ме разгорува во долгите ноќи.

Кога пак ќе ја видам пустинската дина

Легнувам на подот и мислите му ги препуштам

На топлиот ветер.

Твоето тело е тука, некаде меѓу ѕвездените

Парчиња извезени на сините ѕидови.

Јас кружам како занесен по мекиот песок

Зашто на очите ми наидува топлина .

И тогаш замижувам, непрекинато мижам

За да те почуваствувам, како што заслужуваш.

Автор:
Мирослав Трајковски

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?