Желбата моја – Eва Кузеска

Времето што војната го донесува,

никој не може да го донесе.

Во војна може години да минат,

и нови невини животи да гинат.

Војната со своите цели,

многу семејства дели.

Во туѓина без мајка,

разделени деца праќа.

Затоа да се фатиме за рака сите,

затоа што така светот се ките.

Едно сонце сите не грее,

нека птицата за секој иста песна пее.

Иако сме различни по вера и боја,

најмногу посакувам да се исполни желбава моја.

Сакам да завладее мир

во целата земјина шир.

Автор:
Eва Кузеска VIII одд
Прилеп

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?