Skip to content

Име – Оливера Ширговска

  • by

Усните го допираат шепотот…

Го премолчуваат твоето име..

Во снегулките ти ја испраќам..

Играта на буквите…

Весело се смеат.

Јас раскажувам.

Го допирам стаклото…

Си играм со буквите…

И цртам насмевки вo душата.

Ги испраќам заедно со нив.

И те гледам насмеан.

Бидејќи ништо на светот не е само..

Најубавите нешта ги создава душата.

Јас .. Јас сакам… Една бајка.

Барем за миг, да ме допре.

И за миг замисли…

Дека животот е река.

Неповратно заминува.

Деновите нижат часови…

Ќе ме пречека слабост.

И старост ќе натежне на плеќи.

Еден ден и раката ќе затрепери..

Немоќна да пишува..

Ете тогаш сакам..

Да напишам со поглед име..

Што свети во душата моја .

Не сакам и тогаш да скита прегратка..

Сакам..Едно парче од целото..

Сакам.. Да го допрам телото..

Да насетам живост , да прегрнам љубов ..

Да чувам свој здив.

Таму кај што се губам..

Во животот каде поглед зборува..

Каде љубов раскажува.

Каде вечност ќе царува…

Автор:
Оливера Ширговска

Напишете коментар