Skip to content

Разбери ме – Елена Костадиновска

Од ѕид во ѕид.

Пад по пад.

Рана по рана.

Најмногу боли левата страна.

Кога на топло ќе се изгориш и на ладно ти дуваш.

Кога еднаш ќе се повредиш,

потоа повеќе се чуваш.

Ќе дадеш сѐ од себе

и на крај ќе прегориш.

Дека не си доволно способен,

повторно себе сѝ ќе си се прекориш.

Кога ќе сфатиш колку вредиш,

почнуваш да се штедиш.

Ѕид околу себе, никој покрај тебе.

За да не може никој да те повреди, ниту допре.

Дали на овој начин болката ти ја сопре?

Од љубов се плашиш,

од љубов ти бегаш.

Не е дека во тебе,

љубов ти немаш.

Те разбирам, но ова не е решение.

Те разбирам, не паѓај во искушение.

Те разбирам, но секогаш ти повторно обиди се.

Те разбирам, животот е таков каков што е.

Те разбирам, но мора да живееме.

Разбери ме.

Автор:
Елена Костадиновска

Напишете коментар