И сон и јаве – Валентина Степановска-Андонов

Ситните капки ја оплакуваат

мојата монотониска бесмртност.

Го оплакуваат беспаќето оставено од

древните походи на необични, илузионистички сенки,

чии траги го прегазуваат виорот

на беспоштедноста на времето.

Ги затворам очите.Сонувам бело.

Се ужаснувам од загатките

исполнети во сновидението.

Ги отворив очите.

Повторно сè е така бело и морничаво.

Сè додека не го слушнам

необичниот призвук

што повикува

од далечините,

широчините,

кога ќе бидам

само белег во својот свет,

во себе, негде…

Автор:
Валентина Степановска-Андонова

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?