Македонска поезија Поезија

Сон

Доживував соната по патот маглив

Автопатот изгубен вреснува, болно

Болот се губи во аголот правлив

Мелодрамично станав во одбрана

Дур оставајќи те, на песокот жив

Навратив на очите твои среќни

Опкружени со тагата моја, незрела

Тe заборавам при секој момент

А се заборавив самиот

Ил пак пробувам…

Дур сонував да сум птица

Водејќи љубов со ветерот

Уметникот во мене црташе,

апстракции, злодела

Искривувајќи ја сликата

Велам,

КАДЕ СМЕ!

Дал во боите на Рембрант

Изгубени во Ноќната Стража

Ил пак виориме во светот,

на Дали…

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје