Кога среќата е далеку,
а тагата длабоко во тебе,
сврти се назад…
избриши ја прашината
во твоето сеќавање
таму некаде во спомените
ќе ме најдеш и мене
мала, тивка и плашлива.
Тогаш можеби ќе се насмееш,
срцето ќе ти затрепери,
а солзи ќе ти го исполнат окото
и ќе речеш
„Тоа беше единственото суштество
што знае да сака”.
Автор:
Шифра: „Суштество“