Ваши дела Конкурси

Тоа е знакот

Додека првото цветче

на дрвото се појавува,

а ластовичките една по една

во своите гнезда се сместуваат

е тоа е знакот

дека пролетта пристигнала

и почнала по земјата

да се распостелува.

Додека цветовите

полека се отвараат

а пчелките веќе се будни,

полека летаат кон нив

и почнуваат да се сладат

од нивниот нектар,

е тоа е знакот

дека пролетта пристигнала

и почнала по земјата

да се распостелува.

Додека шеташ

во паркот или во дворот,

а притоа ги слушаш

веселите црцорења на птиците,

зуењето на пчелките,

осите или бумбарите

е тоа е знакот

дека пролетта пристигнала

и почнала по земјата

да се распостелува.

Автор:
Шифра: „Знак“

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје