Наједноставните животни задоволства се најголеми радости

Некој има голема палата,

со убав голем двор,

 во неа живеат

намуртени и ладни,

 луѓе за љубов гладни,

без убав и мил збор.

Некој има куќарка  мала,

со тараби дрвени и стари,

 во неа живеат

насмеани и ведри

 иако со малку пари.

А што е среќа?

Луксузен дом и скапа кола

или топол дом со љубов полн.

Разбирање и слога во секој миг

или немир и осамен вик.

За да бидеме среќни,

многу малку треба.

Убав збор и насмевка вешта,

среќата се крие

токму во малите нешта.

Да научиме да се радуваме

на она што нè опкружува,

најситното нешто што радост носи

верувајте, тоа го заслужува.

Наједноставните животни задоволства

најголеми радости се,

а животот да ни биде убав

ние луѓето, тоа го заслужуваме.

                                               Автор:
Стефанија Јакимовскa
IXодд

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?