Skip to content

Велигден – Симона Костадинова

  • by

Од сите празници

Велигден најмил е,

тој е празникот кој

разубавува сè.

Тој е празникот кој

шаренило во домовите носи,

празникот кој ги облекува

јајцата боси.

Кога Исус умрел,

секој човек бил тажен,

а кога воскреснал

сме почнале да го славиме

овој празник важен.

Затоа, на сите Христијани

среќен празник им посакуваме

и сите ги повикуваме

заедно да прославуваме.

Автор:
Симона Костадинова
VIII одд
ООУ Кузман Јосифовски –Питу
Ментор: Елизабета Камческа

Напишете коментар