Ваши дела Конкурси

Круг

Во кругот спирален од небото

низ облаци

кадели темни

куќа си направив

за тебе и за мене

по цели денови  месеци  години

спирали изодувам низ куќата моја

во облаци нурната

за со тебе да се сретнам

насекаде скитам

на Марс еднаш појдов

и оган си зедов

Венера пак мене

на гости ми дојде

ми донесе цртеж

со вселенско цвеќе

од крваво сонце огреано

и со крвта моја испрскано

во мозокот твој збунет од

секакви мисли засадено

ах  убава

многу убава е нашата куќа

извишена гордо во кругот

спирален од небото.

Автор:
Мирјанка Селчанец

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје