Моја тајно најголема,
од секого сокриена,
со најубавата украсна хартија покриена,
штом те сретнав тебе
се промени животот мој
и посакав да бидам во светот твој.
Штом ги видов твоите црни очи
моето срце за миг закочи.
Без тебе го допирав дното,
а со тебе небото,
со тебе летам во небесната шир,
како слободна птица,
на која ти ѝ даваш волшебни крилја,
со тебе чекорам по патот,
на кој има свила.
Ти си сенка, која секаде ме прати,
ти си тој, кој секогаш ќе ми се врати.
Ти си моја светлина во мрак,
мој топол сончев зрак.
Ти си цвеќе, кое не вене,
ти благодарам што си до мене
и за најубавото поминато време.
Ти си до мене во секоја мака,
и јас сум таа, која најмогу те сака.
Твојата дланка нежно ме гали,
ти си слатко, кое ме мами,
ти си лек, кој секоја болка ја лекува,
ти си магнет, кој ме привлекува.
Во нашето тело љубов ни тлее,
а со погледи срцето ни се грее.
И покрај тоа што далечината ни ги раздели телата,
никогаш не ни ги раздели душите.
Не постои сила, која може да ја убие љубовта
и да го стави нашиот крај,
бидејќи во нашите очи се уште жари љубовен сјај.
Нашата љубов е поголема од животот,
а помоќна од смртта,
и кревам високо вино полна чаша,
во чест на љубовта наша.
Не дозволувам спомените ветрот да ги разнесе,
а дождот да ги удави.
Иако денес повторно заминуваш во далечна земја,
знај дека секогаш јас ќе те чекам тука,
срцето само за тебе ќе чука.
Имам богатство од убави моменти
поминати со тебе,
кои во срце ги чувам
и знај јас вечно ќе те љубам.
Автор:
Марија Малчева