Литература Македонска поезија Поезија

Бoјата на сонцето

Бојата на сонцето. Го отвора просторот.

Го зголемува твоето секојдневие.

Ја намирисува тагата во погледот

И ти го разбиструва за да се претвориш во

Светлина,

И тогаш во ноќта шумолиш низ липите

Ветрец стануваш со златен призрак

И светиш како Месечина која бдее над нечиј прозорец

Се претвораш во Мајка.

Бојата на сонцето. Го зголемува еланот.

Го отвора новиот повидок на патот кон бескрајот.

Ја повлекува енергијата од вселената

За да те прероди, за да се претвориш во

Светлина,

И низ мрачните одаи на потсвеста

Се протнуваш како лелеава прашина над некоја Дизни принцеза

Присветнуваш идеи над неколку кадрици коса

Се претвораш во Мајка.

Бојата на сонцето. Го прикажува и залезот.

Го стигнува и црвениот пламен кој ја гаси сечија жед

За љубов.

Го зголемува видикот кон далечините.

За да зголеми, за да те рашири во

Светлина,

И низ мрачните понори на морската шир

Се претвораш во Мајка.

Бојата на сонцето. Го продлабочува умот.

Го наоѓа патот на виугите испреплетени

Низ мрачните ходници на мозочната кора

За да ги претвори во зраци

За тие зраци да те претворат во

Светлина,

И тогаш знаеш дека се е нејасно,

Се е јасно,

Дека светлината се губи за да ти стане нејасно

На моменти се појавува за да ти стане јасно

Дека животот станал необјасниво нестварен

Се претвораш во Мајка.

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје