Некогаш сама чекорам по падините на излезот и залезот на денот
Моментот наречен живот поминува низ моите прсти
Крајот и почетокот стануваат секунда од безвремието
Не постои друго место и друг простор.
Мајчинскиот поглед ќе ми даде
Живот кој води кон бескрајот.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.