Дека боењето опушта, смирува и позитивно влијае врз менталното здравје не говорат само последните истражувања туку и сами можеме да се увериме во ефектот. Боењето не е само детска активност. Боенките за возрасни веќе одреден период се доста популарни во цел свет. а и кај нас. Тие можат да се купат секаде, опуштаат и се добри за психата. Доколку не можете да ги купите, има поевтина варијанта, треба само да ги симнете од интернет и да ги испечатите листовите на кои ќе боите. Боењето или цртањето “Мандала“ не е новитет, но сепак не го практикуваат голем број луѓе.
При боењето потребна е одредена доза смиреност и концентрација, а истата се зголемува со продолжување на активноста, па луѓето кои имаат проблеми со концентрација тешко се нафаќаат да седнат и да бојат. Тука лежи важниот момент за надминување на дел од проблемите со концентрација и ослободување на огромното количество стрес. Едно истражување од 2017 година, спроведено во Нов Зеланд, покажало дека цртањето во линии ги намалува стресот, депресијата и анксиозноста. Се вели дека се потребни само десет минути боење во денот за да се намали стресот. Покрај тоа со оваа забавна активност исто така се подобрува и креативноста на оној што бои.
Постојат многу сведоштва на лица кои страдаат од анксиозност кои изјавуваат дека боенките се добри за опуштање и забавување на мисловниот тек. Потребен е само фокус на она што се наоѓа пред вас и пополнување на лиините. Го поврзуваат со медитација поради медитативните ефекти. За луѓето, посебно за оние што страдаат од ментално нарушување боењето не е само популарен тренд или детска занимација. Тоа е активност која значително влијае врз нивната ментална состојба и им помага во смирувањето. Со ова се потврдува позитивниот ефект на боењето врз менталното здравје.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.